12 June 2010

Зар не помисли дека те сакам?

Животот сакаше да се сретнеме ТИ и ЈАС. За тебе тоа беше обична случајност. Можеби и за мене. Во почетокот бевме двајца "странци" кои не знаеа каква ќе биде иднината.


Со првите твои погледи и зборови во мене се роди чудно но убаво чувство. Се уште не можев да си го објаснам, зошто ме вознемири, пријатно ме растрепери. Набрзо потоа ти се оддалечи од мене. И дури тогаш твоето заминување како да ги откри моите вистински чувства. Сватив дека те сакам. Но се плашев и сеуште се плашам дека сето тоа ти не би можел да го забележиш. Кога и да те видам-се растреперувам,кога и да ти се доближам-се вознемирувам. Не само затоа што бескрајно ТЕ САКАМ, туку не знам поради што, не можам да си го објаснам. Ако некогаш се вљубиш и ако таа љубов не ти биде возвратена, ќе сватиш каква е мојата болка. Можеби не знаеш да сакаш? Сепак не верувам дека е така. Секој ден за тебе е нов,секоја љубов за тебе е игра, секоја солза за тебе е безвредна. Иако си ми недостижен, верувам дека ќе дојде денот кога ќе ме засакаш. Барем онолку колку што те сакам јас... Силно и бескрајно! Зошто ли те сакам? И уште знам каков си?! 
А колку би била среќна да се промениш... но само сонувам... чувствувам и знам дека тоа нема да се случи НИКОГАШ !!!


xo xo ✿ pink princess ✿

1 comment: