11 June 2011

ПРЕДЛОГ КНИГА: Шминкерка - Андреа Семпл

Шминкерка - Андреа Семпл

Шминкерка - Андреа Семпл 

Денес решив да ви препорачам една добра романтична комедија од авторката на книгата Фактор Бивши - Андреа Семпл. Ветувам, ќе ве насмее до солзи...

Адам е совршен дечко, во секој поглед... Тој никогаш не гледа фудбал... Никогаш не се опијанува... Секогаш претпочита да помине мирна ноќ одошто да излезе со своите другари...

Единствениот проблем е што Адам вистински не постои.

Фејт го измислува. Всушност, Фејт измислува речиси сѐ во нејзиниот живот само за да угоди на мајка ѝ.

Се преправа дека работи во водечка фирма за односи со јавноста, додека во реалноста работи во продавница - како шминкерка за козметиката Китс.

Но мајка ѝ гори од желба да се запознае со мистериозниот Адам, и кога нејзината помлада сестра Хоуп, неочекувано се враќа во Австралија со својот вереник, наместо свадбена треска, Фејт ја зафаќа панична треска!

Ова е книга која ми остави голем впечаток и која се чита во еден здив! Доста е интересна и интригантна! Дефинитивно вреди да се прочита!

Кога ќе земете да ја читате оваа книга, верувајте ми нема да можете да ја остав ите додека не ја прочитате до крај!

xo xo  
❤ pink princess 

No comments:

Post a Comment